Младо момче од Србија е убиено во борба против владините трупи во Сирија. Како што објавува српскиот Блиц, се работи за 19-годишен Мирџа Ганиќ од Нови Пазар, кој заминал за Сирија пред неколку месеци, објави „Максим“.
Инаку, пред ова младо момче, пред една недела во Сирија загина и Амир Јаргич од градот Травник во Босна и Херцеговина.
– Мирза исклучително го нервираше тоа што не го праќале во првите борбени редови. Ни пишуваше дека својот живот сѐ уште не може да му го предаде на Бога, и за тоа му е многу жал. Тоа особено го нагласи пред некој ден, кога на социјалните мрежи беше пренесена лажна вест дека починал. Мирза уште тогаш напиша дека му е жал што сѐ уште е жив и што не починал чесно во светата војна. Се обидовме да го предомислиме од сето тоа, но не вредеше – раскажува пријател на Мирза.
Момчето било примерно и добар ученик, па тоа што се одлучил да замине во Сирија ги изненадило и неговите родители и пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.