Сибирската убавица Анастасија Страшевскаја избрана е за руски мис на најдолги нозе-106 сантиметри. 18 годишната Страшевскаја освои 11.880 гласа на националниот натпревар во конкуренција на 55 долгоноги убавици. Со победата освои 2.750 долари и право на учество на натпреварот за мис на Русија во 2014 година. Таа е родена на 29 мај 1995 година во Кујбушево, во областа Новосибирск. Студира право.
-Отсекогаш сакав да бидам адвокат. По ниту еден услов нема да го напуштам факултетот и сигурно ќе се занимавам со граѓанско право- вели младата долгонога Страшевскаја.
Димензиите на Страшевскаја се импресивни: висина 179 цм, должина на нозете 106 цм, тежина 52 килограми, обем на гради 82 цм, струк 58 цм, колкови 88 цм.
-Семејството е гордо на мене. Оваа победа е како остварување на соништата, но мојот живот продолжува- додава Сибирската убавица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


