| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски државјанин уапсен во Србија со 24 килограми хероин

droga makedonec srbija

Српската полиција уапсила македонски државјанин со 24,32 килограми хероин при обид да премине во Хрватска на граничниот премин „Батровци“.

Според Царинската управа на Србија, дрогата била откриена во автомобил со германски регистарски таблички со кое управувал германски државјанин од македонска националност и патувал од Македонија кон Германија. Полицијата се посомневала дека во возилото нешто се крие и во соработка со царината, возилото било ставено на скенер. Во просторот под резервната гума бил пронајден професионално изработен бункер со две електрични брави. Во бункерот биле скриени 24 пакети со хероин, а по деталниот претрес во другите делови од возилото биле најдени уште десет пакети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top