Инвестицијата на турската компанија „Фибула“ во струшкиот хотел „Изгрев“ ќе го прероди струшкото крајбрежје, а на регионот конечно ќе му понуди елитен туристички комплекс, јавува „А1он“.
Проектот за „Изгрев“ е сличен со тие во познатото летувалиште Анталија во Турција. Хотелот треба да биде со пет звезди и на гостите ќе им понуди најразлични активности од аквапарк, голем бањски центар, турски бањи, сауну, затворен базен и многу други пропратни содржини.Хотелот е предвидено да има 208 соби и повеќе од 200 вработувања.
Градежните активности овде сѐ во полн ек, а се очекува хотелот да биде отворен за неколку месеци, можеби и до почетокот на туристичката сезона. „Фибула“ го зеде хотелот под наем од црквата за период од 50 години.
„Се работи во хотел „Изгрев“. Ќе се направи спа-центар, голем отворен и затворен базен и аквапарк.Очекувам дека тој хотел до јуни ќе биде завршен. Се работи и за 200 вработувања кои ќе бидат отоврени.Станува збор за хотел кој ќе биде најдобар во овој регион на охридското крајбрежје“ рече за „А1он“ градоначалникот на Струга, Зијадин Села.
фото: А1Он

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


