
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни несреќи, но ниту една со потешки последици или со телесни повреди. Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случила уште една незгода со мала материјална штета во којашто е пополнет европскиот извештај.
Од страна на сообраќајната полиција вчера се откриени поголем број прекршоци. Од нив, по прекршоците кои најчесто се манифестираат во зона на крстосница откриени се и санкционирани шестмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, петмина пешаци кои поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, седуммина возачи непрописно се престроиле и 14 возачи кои ги паркирале своите возила на пешачките премини и во зона на крстосница. Меѓу останатите, преземени се мерки и према седуммина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќајот.
Што се однесува до непрописно паркираните возила со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција, отстранети се 77 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


