| четврток, 6 декември 2018 |

Обама прoдoлжува со реформи на програмата за шпионирање

9-11 Observance Ceremony at the Pentagon

Американскиот претседател Барак Обама продолжи со разговорите со конгресмени и со сенатори, кои ги води со цел заедно да најдат најдобро решение за реформа на програмата за надзор што ја спроведуваат службите за безбедност, по откривањето тајни програми од страна на Едвард Сноуден.

Во соопштение на Белата куќа се вели дека последниот состанок бил можност за претседателот Обама да слушне нови предлози пред завршувањето на внатрешната проверка на програмата за шпионирање.

Претседавачот со Одборот за правда во Конгресот, републиканецот Боб Гудлејт, кој присуствувал на состанокот, побарал од Обама да објасни зошто е потребно да се проверуваат толку голема количина информации. Посебно нагласил за собирањето телефонски податоци и побарал објаснување од Обама.

Американскиот претседател денеска ќе има состанок со претставници од технолошки компании додека во средата имал состанок со шефовите на НСА, ФБИ и ЦИА. Се очекува Обама на 28 јануари да и се обрати на нацијата кога ќе изнесе предлози за реформа на системот за шпионирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top