| четврток, 6 декември 2018 |

Кој му ја украде Накова на Илија? (ФОТО)

Манекенката Александра Накова поголемиот дел од времето го поминува во студиото „Прима данца“ каде се подготувава за следниот настап на „Танц со ѕвездите 2“.

Помеѓу напорната работа, не изостануваат ни шегите, па на фотографијата која ја сподели на „Фејсбук“, Накова позира со танчерот Боби Трајковски, додека пак нејзиниот танц-партнер и ментор од шоуто, Илија Карадаковски, седи настрана запрепастен.

Ианку, Илија минатата сезона беше финалист заедно со манекенката и водителка Марјана Станојковска и се надева дека годинава ќе му успее да ја освои титулата.

Накова, пак, целосно се посвети на учеството во популарното шоу, па поради „Танц со ѕвездите“ дури и раскина со нејзиното момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top