| четврток, 6 декември 2018 |

Маглата го отежнува возењето низ земјата

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во вечерва се одвива тековно, наместа по влажни коловози, но на повеќе патни правци низ земјава, видливоста е намалена  поради магла.

На патниот правец  Велес-Скопје видливоста е до 100м. , Куманово- Св.Николе вид. 50-60м. , Дебар- Струга вид. 50м. , Дебар- Маврово вид. 100м. , Тетово- П.Шапка вид. 100м. , Штип- Неготино вид. 30-50м. , Страцин вид. 50м. , Прилеп вид. 50м. , Охрид вид. 50-100м. , Ресен вид. 100м, информира Македонијапат.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги одржуваат проодни сите патни правци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top