Балканот достигна одреден степен на стабилност и регионалната безбедност повеќе не е доведена во прашање, оцени Дејвив Кенин, поранешен аналитичар на ЦИА и професор на универзитетот „Џон Хопкинс“ во интервју за белградска „Политика“.
– Никој повеќе не се обидува да војува со некој друг, никој повеќе не се чувствува толку небезбеден во однос на некој друг за да се доведува во прашање регионалната безбедност. Од друга страна, јужно од Сава, каде било Османлиското царство ништо се уште не е конечно, се е уште отворено – изјави Кенин.
Поранешниот аналитичар на ЦИА смета дека сегашната ситуација во таа област не е трајна и додаде дека верува оти ќе има нови промени, иако, како што рече „не се знае кои ќе дојдат први“.
Според него за оние подрачја, кои биле дел од Австроунгарското царство се е поставено на свое место, пред се поради тоа што Србите во Хратска ја загубиле војната во 1994-1995, но сепак додаде дека победите на бојното поле и натаму важни, без оглед на идеолошките изјави кои доаѓаат од Западот.
– Исклучок е Војводина, исто така некогаш дел на Австроунгарија, каде главно прашање е нејзината помала или поголема автономија и позиции во Србија, која е мошне комплицирана и за мене како аутсајдер мошне интересна за следење- изјави Кенин во интервју за „Политика“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.