Се олеснуваат процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувалниците. Владата прифати дел од барањата на Орагнизацијата на обложувалниците. Место на вкупната сума, која спортската обложувалница треба да ја исплати, данок ќе се пресметува и плаќа само на сумата на чистата остварена добивка, односно на разликата меѓу сумата што треба да се исплати и уплатената сума. На пример, ако уплатата изнесува 500 денари, а сумата која треба да се исплати изнесува 1.000 денари, данокот ќе се пресметува и плаќа само на сумата од 500 денари, која претставува чиста добивка, а не на 1.000 денари, како што предвидуваше законот претходно. Тоа значи дека данокот во овој случај ќе изнесува 50, место сегашните 100 денари. Измени ќе има и во делот на пријавувањето на данокот. Граѓаните веќе нема да добиваат потврди од обложувалниците за секоја добивка односно се олеснуваат администартивните процедури. -Ќе се редуцираат административните процедури. Играчите нема да треба да доставуваат ГДП, а обложувалниците нема да треба да издаваат потврда за секоја добивка туку ќе ги евидентираат добитниците во посебен формулар, кој ќе го доставуваат до УЈП еднаш во текот на месецот. Решивме да прифатиме дел од забелешките со што ќе го надополниме системот, а Законот ќе биде од интерес и за обложувалниците и за играчите- објаснува портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев. Измените се прават по реакцијата на Организацијата на приредувачи на игри на среќа во спортските обложувалници, кои реагираа и на обемните администативни процедури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок