| четврток, 6 декември 2018 |

Угриновски го замолкна Куманово, Лирија кошаркарски лидер

Со поени на плејмејкерот Александар Угриновски на 14 секунди до крајот Лирија победи во Куманово (79-78) со што е отворен вториот дел од кошаркарската сезона

Со извонредна партија во Куманово во која Лирија обезбеди триумф во возбудлива завршница (79-78) вечерва беше отворен вториот дел од домашната кошаркарска конкуренција. Тој содржи пет круга по кои, пет екипи ќе му се придружат на МЗТ Скопје во Супер лигата која започнува во март и која ќе понуди нови 10 кола.

Лирија до триумф на жешкиот терен, по што е прва на табелата, дојде во изедначена средба и со поени на Александар Угриновски во последниот напад на екипата од Сарај. Бекот (14 поени) беше дел од квартетот со Радуновиќ (19), Симиќ (13) и Џереми (12) во составот на тренерот Марјан Илиевски кои имаа двоцифрен ефект. Кај домаќините единствен кој беше на ниво беше Луковиќ (20).

Утре во главниот ден за натпреварите од 10. коло, дербито е во Градскиот парк во Скопје каде 14. првак Работнички го дочекува трикратниот од последните пет години, Фени Индустри.

10 коло:

Куманово-Лирија 78-79

Сабота:

Пелистер-Вардар (18.00)

Работнички-Фени Индустри (19.00)

Струмица-Кожув (19.00)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top