| четврток, 6 декември 2018 |

Антикафуле отворено во Лондон: го плаќате времето поминато во кафулето, а не пијалакот

Навиката да пиете кафе само за да ви помине времето во кафуле за некои ќе стане минато. Во Лондон е отворен синџир на антикафулиња. Со концептот „Зифеблат“, што во превод значи бројчаник, посетителите го плаќаат времето поминато во кафулето, а не пијалакот. Во цената на престојот во локалот се вклучени и неограничени количини кафе, бисквити и интернет. Овој иновативен метод на наплатување значи дека посетителите плаќаат околу еден денар за секоја минута помината во кафулето, додека за 20 евра можат да останат колку што сакаат.
Додека овој концепт е прилично нов во Лондон, во Русија ваквите кафулиња подолго време се дел од секојдневниот живот. Секој месец деветте локали „Зифеблат“ ги посетуваат околу 30.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top