Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Крива Паланка денеска додели 100 пакети со запленета царинска стока на 100 семејства со социјален ризик од кривопаланечко и од Ранковце.
Стоката запленета на граничните премини во Република Македонија со одлука на Владата на РМ се донира на социјално ранливите категории граѓани, а повеќе од 70 илјади парчиња разновидна стока, текстил, обувки, прибор и опрема за домаќинство веќе се распределени низ центрите за социјални работи во земјава.
Директорот на МЦСР од Крива Паланка, Олгица Ристовска, информираше дека по поднесените барања од страна на семејствата, стручни тимови од Меѓуопштинскиот центар ги посетиле и извршиле увид, направени се записници со идентификациските податоци, бројот на членови во семејствата и неоподните информации за правилна распределба на потребната стока.
– Иако донациите не можат значително да го променат моментниот статус на семејствата што се корисници на помош, ова е форма на ублажување на состојбата – истакна Ристовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.