| четврток, 6 декември 2018 |

Катерина во солзи откако Младен го напушти шоуто (ФОТО)

Првата љубовна двојка во балканското шоу „Икс-фактор“, Катерина Манојловиќ и Младен Лукиќ, е разделена. Катерина тешко го поднесе отпаѓањето на Младен во првата емисија во живо во вторникот.

Посебно емотивен момент, според присутните, било кога Младен ја пееше „Затоа не плачи“ од „Бјело дугме“ во дуелот за опстанок, а Катерина со солзи го бодреше пред сцената. По гласањето, Младен, сепак, го напушти шоуто, а таа со неверување плачејќи заминала зад сцената.

katerina

Катерина во солзи позади сцената

– Не можам да поверувам! Тој заслужува да остане, многу сум тажна! – изјави Катерина.

Младен, пак, вети дека ова не е последен пат што публиката ќе го види бидејќи не планира да пропушти ни ден од подготовките и настапите на Катерина и дека тој останува нејзина најголема поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top