| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон популарна и од Барак Обама

Хилари Клинтон е популарна и од претседателот на САД Барак Обама. Тоа го покажа најновата анкета на Универзитетот Квинипек во која поранешната државна секретарка на САД доби 61 отсто од гласовите на испитаниците.

Поранешната прва дама на САД неодамна ја напушти функцијата во Стејт департменот. Таа четири години   беше на чело на дипломатијата.

Клинтон е „бездруго најпопуларната фигура на американската политичка сцена денес –  вели помошник-директорот на Анкетниот институт на Квинипек.
Таа не се изјаснува дали ќе се кандидира за претседател на наредните избори – тема околу која деновиве наголемо се шпекулираше во медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top