| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лондон се живее најскапо

london

Лондон е најскап град во светот за живеење, покажуват податоците на специјализираниот веб-сајт „Експетишн“, кој се занимава со споредување на трошоците на живот во светските градови.

Овој веб-сајт пресметал дека месечна кирија за изнајмен стан во Лондон во просек чини околу  4.250 долари, за месечен билет за јавен превоз се одделуваат околу 215 долари, а на пример за фризура мажите трошат околу 28 долари.

Во листата на пет најскапи градови се најдоа Осло, Женева, Цирих и Њујорк.

За споредба се земени цените на храната, лековите, превозот…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top