| четврток, 6 декември 2018 |

Градежништвото и инвестициите – мотори на македонската економија

На сто­панс­тво­то му тре­ба свеж ка­пи­тал за фир­ми­те да пре­жи­ве­ат, но и да раз­мис­лу­ва­ат за ин­ве­сти­ции во но­ва опре­ма и ма­ши­ни. До­бро е што ком­па­ни­и­те ќе мо­жат да дој­дат до по­вол­ни кре­ди­ти од Европ­ска­та ин­ве­сти­ци­ска бан­ка, но не­оп­ход­но е и де­лов­ни­те бан­ки да го од­вр­зат ќе­се­то и по­за­си­ле­но да кре­ди­ти­ра­ат, ве­лат сто­панс­тве­ни­ци­те.

Бан­кар­ска­та фе­ла, пак, на­ве­сту­ва зго­ле­ме­но кре­ди­ти­ра­ње. Од де­лов­ни­те бан­ки об­јас­ну­ва­ат де­ка до­се­га би­ле вни­ма­тел­ни во одо­бру­ва­ње­то кре­ди­ти, ток­му по­ра­ди кри­за­та и не­из­вес­но­ста во европ­ска­та еко­но­ми­ја.

– Отка­ко еко­но­ми­ја­та поч­на да бе­ле­жи по­раст, ве­ќе има­ме зна­ци на заз­дра­ву­ва­ње во де­лот на кре­ди­ти­ра­ње на ком­па­ни­и­те. Мо­и­те оче­ку­ва­ња се де­ка ќе има­ме ре­ла­тив­но до­бра го­ди­на во бан­кар­ски­от се­ктор, без по­го­лем по­раст на не­функ­ци­о­нал­ни­те кре­ди­ти. И во 2014 го­ди­на во овие ста­бил­ни ма­кро­е­ко­ном­ски ус­ло­ви со ни­ска инф­ла­ци­ја и со по­раст на БДП ќе се за­си­лат и кре­дит­ни­те актив­но­сти – сме­та пр­ви­от чо­век на бан­кар­ско­то здру­же­ние, Ѓор­ги Јан­чев­ски.

По­раст на из­во­зот и на ин­ве­сти­ци­и­те

Мен­де­рес Kучи, пре­тсе­да­те­лот на Kомо­ра­та на се­ве­ро­за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја, ве­ли де­ка 2013 го­ди­на би­ла те­шка го­ди­на на еко­ном­ски план. На­деж им се нај­а­ве­ни­те ин­ве­сти­ции во ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти, кои тре­ба да отво­рат и но­ви ра­бот­ни ме­ста, но и разд­ви­жу­ва­ње на ре­ал­ни­от се­ктор. И од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја оче­ку­ва­ат по­зи­тив­ни трен­до­ви во 2014 го­ди­на.

– На­ши­те прог­но­зи се зас­но­ва­ни на оче­ку­ва­но­то по­сте­пе­но за­си­лу­ва­ње на стран­ска­та по­ба­ру­вач­ка, од­нос­но по­по­вол­но­то ме­ѓу­на­род­но оп­кру­жу­ва­ње, кое по­зи­тив­но ќе вли­јае врз за­креп­ну­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја. Важ­на уло­га има и др­жав­ни­от ин­ве­сти­ци­ски сти­мул, ка­ко и по­ра­стот на ка­пи­тал­ни­те ин­ве­сти­ции  – наг­ла­су­ва­ат од ко­мо­ра­та.

Во 2013 го­ди­на гла­вен мо­тор на еко­но­ми­ја­та беа гра­деж­ниш­тво­то и ин­ве­сти­ци­и­те. Спо­ред еко­ном­ски­те струч­ња­ци гра­деж­ни­от се­ктор ќе ја дви­жи ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја и во 2014 го­ди­на, ако се зе­ме пред­вид де­ка се пла­ни­ра ин­ве­сти­ци­ски бум. Ќе се гра­дат ло­кал­ни и ре­ги­о­нал­ни па­ти­шта, а во план е да се мо­дер­ни­зи­ра и пат­на­та ин­фра­стру­кту­ра.

makedonski gradeznici-batev

Вла­да­та и На­род­на­та бан­ка оче­ку­ва­ат по­раст по­ви­сок од 3,5 про­цен­ти

Твор­ци­те на еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка ве­лат де­ка во 2014 го­ди­на мо­же да се оче­ку­ва еко­ном­ски по­раст по­го­лем од три про­цен­ти. Во бу­џе­тот за 2014 го­ди­на Вла­да­та со­ста­ви еко­ном­ски про­ек­ции ба­зи­ра­ни на по­раст на вкуп­на­та еко­но­ми­ја од 3,5 про­цен­ти.

НБРМ оче­ку­ва де­ка во 2014 го­ди­на и во 2015 го­ди­на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја ќе рас­те со за­бр­за­но тем­по. Про­ек­ци­и­те се 3,7 про­цен­ти по­раст во 2014 го­ди­на и 4,4 про­цен­ти  по­раст на БДП во 2015 го­ди­на. Еко­ном­ски­от по­раст се оче­ку­ва да би­де под­др­жан со за­бр­зу­ва­ње на кре­ди­ти­ра­ње­то. Инф­ла­ци­ја­та ќе се ста­би­ли­зи­ра на 2,3 про­цен­ти во 2014 го­ди­на, но инф­ла­ци­ски при­ти­сок ќе вр­шат це­ни­те на хра­на­та.

Спо­ред пр­ви­от фи­нан­си­ер, Зо­ран Ста­вре­ски, 2013 го­ди­на по­ми­на­ла без по­го­ле­ми по­тре­си, не­ма­ло на­ма­лу­ва­ње пен­зии, от­пу­шта­ња од ра­бо­та, не­ма­ло по­тре­си во бан­кар­ски­от се­ктор и за­тво­ра­ње фир­ми.

– Оста­ну­ва си­те ние да го иско­ри­сти­ме уште по­до­бро мо­мен­тот што се соз­да­ва во Евро­па, а тоа е ма­ло по­до­бру­ва­ње на си­ту­а­ци­ја­та во европ­ска­та еко­но­ми­ја, та­му по­сте­пе­но се зго­ле­му­ва­ат на­рач­ки­те и евро­то вле­гу­ва во по­зи­тив­на зо­на на еко­ном­ски по­раст. Тоа соз­да­ва впе­ча­ток де­ка со до­бро по­ста­ве­на­та по­ли­ти­ка со ко­ја Ма­ке­до­ни­ја ја по­до­бри кон­ку­рент­но­ста, со стран­ски­те ди­рект­ни ин­ве­сти­ции и со ка­пи­тал­ни­те ин­ве­сти­ции, ќе ус­пе­е­ме да има­ме по­до­бра го­ди­на. Јас оче­ку­вам по­ве­ќе од 3,5 про­цен­ти еко­ном­ски по­раст го­ди­на­ва, а оче­ку­вам да про­дол­жи трен­дот на на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста. Ние не сме стиг­на­ле до крај­на­та цел – на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста. Оче­ку­вам да се отво­ра­ат но­ви ра­бот­ни ме­ста и во сло­бод­ни­те зо­ни и над­вор од нив во Ма­ке­до­ни­ја, а по­себ­но во ре­ги­о­ни­те ка­де што не­вра­бо­те­но­ста е ви­со­ка, а ќе ре­а­ли­зи­ра­ме и ка­пи­тал­ни про­е­кти, ин­фра­стру­ктур­ни, тоа што мо­же да го на­пра­ви по­до­бар жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја – оце­ну­ва ми­ни­сте­рот за фи­нан­сии. Тој уве­ру­ва де­ка има па­ри во др­жав­на­та ка­са за ре­дов­на исп­ла­та на пла­ти, пен­зии и на суб­вен­ции.

На Бал­ка­нот оп­ти­ми­зам, но ре­а­лен по­раст ду­ри во 2015 го­ди­на

Еко­ном­ски­те прог­но­зи за Бал­ка­нот за 2014 го­ди­на ну­дат оп­ти­ми­зам, но ви­стин­ски по­раст ќе има ду­ри во 2015 го­ди­на. По­зи­тив­но е тоа што бал­кан­ски­те зем­ји во 2013 го­ди­на из­ле­гоа од ре­це­си­ја, а ана­ли­зи­те ука­жу­ва­ат на по­сте­пе­но заз­дра­ву­ва­ње и на фи­нан­си­ски на­пре­док. Ср­би­ја, Бос­на и Хер­це­го­ви­на, Ко­со­во, Ал­ба­ни­ја, Цр­на Го­ра и Ма­ке­до­ни­ја бан­кар­ски и еко­ном­ски се сил­но по­вр­за­ни со раз­ви­е­ни­те европ­ски зем­ји, а најм­но­гу беа по­го­де­ни од на­ма­ле­ни­от из­воз кон европ­ски­те парт­не­ри, по­себ­но Гер­ма­ни­ја. Но, ка­ко што заз­дра­ву­ва­ат нив­ни­те европ­ски парт­не­ри, та­ка заз­дра­ву­ва­ат и зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан. Спо­ред прог­но­зи­те на Свет­ска­та бан­ка, до­бра вест е што зем­ји­те ја над­ми­наа ре­це­си­ја­та, оваа го­ди­на се оче­ку­ва про­се­чен по­раст од 1,8 про­цен­ти, кој ќе би­де уште по­го­лем во 2015 го­ди­на. Се­пак, еко­но­ми­сти­те пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка по­сто­јат и не­га­тив­ни ри­зи­ци, па кра­тко­роч­ни­те изг­ле­ди оста­ну­ва­ат кре­вки. За ре­ги­о­нот кра­тко­роч­ни ма­кро­е­ко­ном­ски при­о­ри­те­ти се на­ма­лу­ва­ње­то на не­функ­ци­о­нал­ни­те кре­ди­ти и фи­скал­на кон­со­ли­да­ци­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top