| четврток, 6 декември 2018 |

Атина: Судири меѓу демонстранти и полиција

За време на официјалната церемонија со која Грција го презема 6-месечното претседавање со Европската унија, во Атина имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, објавија денеска локалните медиуми.

Откако им беше забрането да се приближат до грчкиот парламент, демонстрантите синоќа се судрија со припадници на полицијата. Покрај тоа, демонстрантите запалија и знаме на ЕУ за да изразат свое несогласување со Унијата, која ја обвинуваат за острите мерки за штедење што нивната држава мора да ги примени.

Грчките власти само неколку часа пред официјалното преземање на функцијата во ЕУ воведоа забрана за организирање протести во центарот на Атина.

ЕУ досега одобри два пакета финансиска помош за Грција во вкупна вредност од 140 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top