Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб ќе игра во финалето на турскиот национален куп по победата на неговиот тим Фенербахче против Бешикташ со 75-66.
Бо одигра 28 минути и забележа 12 поени, со што беше втор стрелец во победничкиот тим зад Андерсен кој даде 15 поени.
Американецот со македонски пасош ќе има можност да освои трофеј во куп натпреварувањата со трета различна екипа, откако во дресот на Партизан и Сиена Монтепаски беше успешен.
Противник на Фенербахче во финалето ќе биде подобриот од вечерашниот дуел меѓу Банвит и Галатасарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.