
Еден од најголемите живи современи уметници на светот, Демијан Хирст објави како ќе излгеда делото што ќе му го подари на аукциската куќа „Кристи“ во добротворени цели. Сликата се вика „Мики“ и ќе биде изложена во јавноста како дел од изложбата на „Кристи“, која ќе ѝ претходи на аукцијата што почнува на 8 февруари.
Хирст, по покана од компанијата „Дизни“, направи интересна римејк-скица на Мики Маус, и тоа во свој, препознатлив стил, во точки. Делата на Хирст од неговата култна точкеста серија се нагови најпознати дела, кои настанале од 1988 до 2011 година и може слободно да кажеме дека Хирст е глобално препознатлив според својот точкаст период.
Освен Хирст, со ликот на Мики Маус досега се занимавале и реномираните уметници како Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн и Клес Олденбург.
– Мики Маус претставува среќа и радост кај сите деца. Неговиот лик го сведов на неколку едноставни елементи, односно точки. Се надевам дека ќе им се допадне на луѓето бидејќи и понатаму е препознатлив. Сепак, Мики е силна и универзална икона – изјави Хирст.
Ова дело ќе биде лицитирано на аукцијата со помош на организацијата „Кидс компани“, која е дел од аукциската куќа „Кристи“. Познато е дека Хирст веќе шест години соработува со оваа организација и со нивниот дел за уметничка терапија. Целиот приход од продажбата е за „Кидс компани“, која дава практична, емотивна и едукативна поддршка за деца со различни проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Медалите на Џеси Овенс од Минхен, на аукција


