Во Линц, Австрија, се пронајдени пелени за возрасни со алармантно високо ниво радиоактивност. Надлежните служби за опасни материи во камион за транспорт до отпадот пронашле дваесетина пелени од болницата кои биле контаминирани со радиоактивен јод. Јодот се користи при медицински дијагностички постапки, но иако нивото на зрачење е значително над нормалата, службите велат дека никој не бил во опасност. Сепак, се следи патот по кој се движел камионот, додека пелените ќе останат во метален контејнер додека нивото на радијација се врати на безбедно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.