| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе се оценуваат државните административци: 1 – отказ, 5 – бонус плата

administracija2

Административните службеници еднаш годишно ќе добиваат оценки од кои ќе им зависи работното место, но и тоа дали ќе бидат наградени или казнети, се вели во анализата на Фактор на новиот закон за административни службеници.

Оценките ќе бидат од 1 до 5, а ќе ги делат претпоставените и колегите. Оние со највисоки оценки ќе добијат бонус, оние со најниски оценки ќе бидат избркани од работа. Ова се предлага со новиот закон за административни службеници што е во собраниска процедура. Во зависност од просекот од сите добиени оценки, годишната оценка на административниот службеник може да биде оценет како:

„особено се истакнува“, доколку има вредност од 4.51 до 5.00;
„се истакнува“, доколку има вредност од 3.51 до 4.50;
„задоволува“, доколку има вредност од 2.51 до 3.50;
„делумно задоволува“, доколку има вредност од 1.51 до 2.50; и
„не задоволува“, доколку има вредност од 1.00 до 1.50.
Оние што ќе добијат годишна оценка „особено се истакнува“, ќе бидат наградени со бонус, односно најмногу една платата, а на оние што ќе добијат оценка „не задоволува”, ќе им престане работниот однос. На административниот службеник што ќе добие оценка „делумно задоволува”, ќе му биде намалена платата најмногу во износ од 30% во период од една година, а доколку во две последователни оценувања истиот административен службеник добие оценка „делумно задоволува”, ќе му престане работниот однос.

Кој ќе го врши оценувањето?

Административниот службеник ќе има еден главен „оценувач“ чија оценка ќе биде од особено значење во конечната оценка и уште четири други „оценувачи“. Главниот оценувач ќе биде претпоставениот административен службеник, т.е секретарот или раководното лице на институцијата, а другите оценувачи ги избира административниот службеник во договор со неговиот оценувач.

„Годишната оценка на административниот службеник се добива врз основа на оценката на оценувачот, со тежински фактор од 75%, како и од просечната оценка од четири други административни службеници со кои административниот службеник непосредно соработувал и тоа двајца на пониско и двајца на исто ниво, како и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка, со тежински фактор од 25%. “

повеќе овде

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top