38-годишниот Димче П. од Велес загина во тешка сообраќајна несреќа што вчера околу 20.50 часот се случи на патот Прилеп-Градско во близина на Росоман.
Димче бил совозач во „пежо“ кое се судрило со сканија од засега непознати причини. Во сообраќајката тешко бил повреден возачот на „пежото“ Ј.Н. (42), исто така, од Велес, кој поради сериозноста на повредите е префрлен на скопските клиники. Возачот на сканијата, пак, К.Ц. (56) минал со полесни повреди и е префрлен на лекување во болницата во Кавадарци.
Поради увидот, сообраќајот бил во прекин до после поолноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.