Успешната хрватска манекенка и некогашна мисица на Хрватска, Александра Грдиќ, по неколкугодишни шпекулации, јавно проговори за наводите дека се бави со елитна проституција.
– За тоа толку се зборува, а јас можам да кажам дека тоа се само бајки. Според тоа што се зборува, јас досега ќе имав 20 дворци, 50 ферари, три хотела и воопшто немаше да седам тука, туку ќе бев на Малдиви – рекла Александра за РТЛ.
Таа прокоментирала дека светот на моделите не е толку прекрасен како што повеќето мислат.
– Можам да речам дека доста луѓе ме разочарале, тоа е лицемерно, всушност никој никого не сака, ретко кој сака да се шегува, признава триесет и тригодишната манекенка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.