| четврток, 6 декември 2018 |

Вториот човек на Европската комисија Рединг удри по Америка

Вториот човек на Европската комисија и еврокомесар за правосудство Вивијан Рединг му испрати јавна благодарност на екс соработникот на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, за обелоденувањето на американските шпионски активности во Европа.

„Кога неговите сознанија беа обелоденети, јас реков: Благодарам, господин Сноуден! Со неговиот потег се овозможи раздвижување на работите со САД, посебно кога беше објавено дека бил прислушуван мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел, истакна Рединг за време на разговорот со група европски активисти за заштита на личните податоци, пренесува Нова Македонија.

И покрај острата дипломатска порака која ја упати до САД сепак Рединг  одби директно да одговори на прашањето дали ЕУ ќе му обезбеди заштита на Сноуден, кој од страна на САД се товари за предавство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top