| четврток, 6 декември 2018 |

Хицлшпергер призна дека е хомосексуалец

Поранешниот германски репрезентативец Томас Хицлшпергер, откако се прости од фудбалската кариера, призна дека е хомосексуалец. Тој досега е најпознатиот фудбалер со ваков вид признание.

Триесет и едногодишниот играч, кој минатата година ја заврши кариерата, во изјава за германскиот весник „Ди цајт“ го откри неговото сексуално определување и со тоа стана четвртиот фудбалер што јавно се декларира како хомосексуалец.

– Овој пат објавувам дека сум хомосексуалец бидејќи сакам да почне расправа за хомосексуалноста меѓу професионалните спортисти. Во фудбалот таа тема едноставно се игнорира – вели Хицлшпергер.

Хицлшпергер истакна дека многу тешко му било кога соиграчите во соблекувалната се шегувале на сметка на геј-популацијата.

– Во Англија, Италија и во Германија не е голема работа да се биде геј, макар не во соблекувалната. Никогаш не ми било срам да бидам тоа што сум, но не е лесно да се седи во соблекувалната со 20 соиграчи, кои се шегуваат за хомосексуалци. Сепак, го прифаќав тоа како шега, секако она што не навредува многу  додаде Хицлшпергер.

Пред него тоа го направија поранешниот репрезентативец Роби Роџерс, Швеѓанецот Антон Хајсен, додека, пак, во 1990 година прв тоа го направи Џастин Фашан.

Поранешниот германски репрезентативец Томас Хицлшпергер настапувал за екипите на Астон Вила, Вест Хем и на Евертон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top