Можно е затворање на албанските амбасади во Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Хрватска поради недостиг од средства во буџетот за дипломатско-конзуларната мрежа, објавија албанските медиуми.
Со ваквата одлука Албанците во Црна Гора би останале без никаква поддршка. Според пописот од 2011 година, Црна Гора брои 620.029 жители, од кои 30.000 се Албанци.
Албанското Министерство за надворешни работи, по повод наводите на медиумите, соопшти дека сѐ уште не е донесена одлука за затворање на амбасадите во БиХ, Црна Гора и во Хрватска.
– Министерството за надворешни работи ја информира јавноста по гласините објавени во пишаните медиуми за можно затворање на некои амбасади, дека сѐ уште не е донесена никаква одлука што ќе резултира со затворање на амбасади – се наведува во реакцијата на Министерството.
Албанските медиуми за информациите за затворање на амбасадите се повикуваат на неименуани извори од албанската влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија