Студијата на Универзитетот „Вашингтон“ покажала дека во светот има повеќе пушачи споредено со 1980 година, а цигарите се сѐ попопуларни во Кина, Индија и во Русија. Во Кина, на пример, во 2012 година пушеле 100 милиони повеќе отколку пред три децении иако процентуално е намалено од 30 на 24 отсто, објавува Американската здравствена асоцијација.
Најмногу мажи-пушачи во 2012 година имало во Источен Тимор – 61 процент и во Индонезија – 57 проценти, по кои следуваат Ерменија и Русија.
Најмногу жени-пушачи има во Грција – 57 проценти, Бугарија со 31,5 проценти, а следуваат Австрија, Франција и Белгија.
По полова поделеност, ако во 1980 година, 41 процент на пушачите биле мажи сега тој процент е 31. пред 34 години имало 10,6 проценти жени за разлика од 2012, кога процентот е опаднат на 6,2. Најостар пад на процентот на пушачите има во 90-тите години. Во реалноста, сепак бројот на мажите пушачи е зголемен од 2010 година.
Најголем здравствени проблеми од пушењето е регистрирано во Кина, Грција, Ирска, Италија, Јапонија, Кувајт, Кореја, Филипини, Уругвај, Швајцарија и во Русија.
Во Кина во 1980 година имало 182 милиони зависници од никотин, додека во 2012 година 282 милиони. Во Русија каде пуши над една третина од населението, бројот на пушачи е зголемен за еден милион. Во Индија има 35 милиони уживатли на никотин повеќе, со што вкупниот број изнесува 110 милиони. Сепак процентуално пуѓењето е намалено од 19 на 13 проценти од населението.
Истражувањето покажува и каде има најголемо влијание кампањата против пушењето. На таа листа предничат Исланд, Мексико и Канада, со по 3 проценти, а по нив се Шведска, Норвешка и Данска.
САД, Нов Зеланд, Австралија и Велика Британија се државите каде има најголемо процентуално откажување од пушењето. Така, во САД од 30,6 проценти пушачи во 1980 година, во 2012 имало 15,8 проценти. Истиот тренд е запазен и во Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.