
Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“ вози црн „фолксваген ГТИ“ . Наместо „бугати“ или „ферари“, Цукерберг вози автомобил со рачен менувач, кој чини 30.415 долари. Ваквата одлука за автомобил, пишува „Волстрит журнал“ е поради тоа што тој не сака да се расфрла пред останатите со своето богатство и сака да живее скромно. Цукерберг сè уште доаѓа во својата канцеларија на работа, облечен во еден вид темна маичка по која стана препознатлив.
Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг, поседува богатство кое се проценува на 20 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


