| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо му го разубави животот на болното момче

Кристијано Роналдо во понеделникот уште еднаш ја покажа неговата хуманост, со тоа што викна една болно момче со неговото семејство да биде негов гостин и им дал ВИП карти за ложата на „Сантијаго Бернабеу“ на мечот против Селта.

Тешко болното момче кое се бори против рак, за Божик покрај картите доби и слика со посвета од Роналдо. Португалецот приказната за неговиот најголем фан ја прочитал во медиумите, по што лично го викнал момчето да биде негов гостин на мечот против Селта.

Роналдо беше двоен стрелец на натпреварот, првиот гол го посвети за починатата легенда Еузебио, а вториот гол на болното момче.

– Ова за мене беше остварување на сонот и неизмерно сум му благодарен за сѐ што направи. Ова беше убаво искуство за мене, не можам да ги опишам емоциите, не ни можев да замислам дека ова ќе се случи. Го следев натпреварот од ВИП ложата со моето семејство, но и со синот на Роналдо кој е многу интелегентен и дружељубив – рече болното момче по натпреварот.

– Му благодарам на Кристијано, просто немам зборови да опишам колку го ценам ова што го направи за мојот син. Тој е посебна личност. Прав ангел. Никогаш нема да го заборавиме ова искуство. Луѓето можат да зборуваат што сакаат, но Кристијано е вистински ангел – изјави мајката на момчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top