| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија ја испорача првата пратка хемиско оружје за уништување

hemisko oruzje

Првата пратка со хемиско оружје синоќа замина од Сирија на дански карго-брод придружуван од борбени бродови на Русија и на Кина. Остранувањето на опасното хемиско оружје е првиот чекор од договорот поддржан од ОН за негово уништување. Обединетите нации за „Би-Би-Си“ потврдиле дека на бродот има таква пратка која била донесена од два сириски града, но не било соопштено од кои.

Оружјето ќе биде пренесено до Италија од каде што ќе биде натоварено на американски борбен брод, а потоа ќе биде уништено во меѓународни води во специјално изработен резервоар од титаниум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top