Рускиот истражувачки брод „Академик Шокалски“, кој беше заробен меѓу дебелите санти мраз на Антарктикот од 24 декември, утрово успеал да се ослободи.
Неколку часа претходно, од ледот се извлекол и кинескиот мразокршач кој учествуваше во мисијата за спасување на патниците од заглавениот руски брод.
Двата брода се упатени кон отворено море. Од рускиот истражувачки брод на 2 јануари со хеликоптер беа спасени 52 патници, меѓу кои имаше научници, туристи и новинари. Тие се префрлени на австралискиот мразокршач „Аурора“ и патуваат кон австралиската федерална држава Тасманија. Се очекува да пристигнат на копно на 22 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.