| четврток, 6 декември 2018 |

Нов контингент на АРМ заминува за Авганистан

vojska arm

Во 16. ротација на мировната мисија ИСАФ, во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во Авганистан ќе заминат 150 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада кои заедно со најстариот национален претставник ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул.

Припадниците на АРМ кои се дел од контингентот за мисијата ИСАФ, во наредните шест месеци задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, а ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, изминативе години во континуитет добиваат највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг.

По повот заминувањето на мисијата, денеска напладне во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, ќе се одржи свеченост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top