Стружанецот Даниел Кајмакоски повторно го воодушеви Балканот со настапот на „Икс- фактор“.
Кајмакоски ја отпеа песната „One“ од „Ју ту“ во негов стил и повторно покажа дека е еден од најсериозните кандидати за победа во шоуто.
Жирито не штедеше комплименти за неговата изведба, а неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ го најави како „гордоста на цела Македонија и на сите земји од регионот“.
– Горд сум што си во мојата група, далеку ќе стигнеш, фантастичен си, со многу емоции во себе. Вистински претставник на народот – рече Жељко.
„Икс-фактор“ се следи и на Твитер, а коментарите може да ги прочитате тука:
Tweets about “#xfactoradria”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.