| четврток, 6 декември 2018 |

Металург е опасен противник, Словенците стравуваат од македонскиот првак

Металург е силен состав во кој играат дури деветмина репрезентативци на Македонија и за нас ова ќе биде тежок натпревар, велат од таборот на словенечкиот претставник во ракометната Лига на шампионите, Горење Велење.

Натпреварот се игра утре од 16,30 часот во Словенија. Првиот меч во Скопје Металург го доби убедливо со 30-23.

-Металург има деветмина македонски репрезентативци и ако се додадат извонреднито голма Станиќ, и бековите Вугринец и Козлина јасно е дека станува збор за силен состав. Од надворешните позиции ќе бијат Мојсоски, Вугринец и Козлина, крилата им се брзи и енергични, а опасен тандем имаат и на пикерската позиција во Ракчевиќ и Димовски. Играат класична одбрана во формација 6-0 и ако им го стопираме брзото трансформирање блиску сме до успех – вели тренерот на Горење, Бранко Тамше.

Двата состави имаат по 10 бода на делба на втората позиција во Ц групата, зад лидерот Кјелце од Полска кој има максимален учинок од 7 победи и 14 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top