Минатата година Опел (Opel) за прв пат по 15 години забележа зголемување на учеството на европскиот пазар. Од седиштето на Adam Opel AG во Риселсхајм соопштија дека Opel и неговата британска сестра Vauxhall го зголемија нивното учество на пазарот во Европа од 5,59 на 5,61 проценти. На домашниот пазар на марката, во Германија, Opel исто така забележа зголемување на пазарното учество од 6,9 на седум проценти.
„Нашата моделска офанзива ги донесе првите плодови. Opel продолжува да расте“, изјави шефот на дистрибуцијата на марката Петер Кристијан Кисперт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


