Три лица се повредени при судир на „шевролет спарк“ и „фиат пунто“ денеска околу 9,30 часот на крстосницата помеѓу булевар Партизански одреди и булевар Октомвриска револуција – објави Нова Македонија. Според изјави на очевидците, до судирот дошло додека семафорите биле исклучени поради поминување на возила под придружба, а од силината на ударот дошло до превртување на „спаркот“.
Повредените се хоспитализирани од страна на три екипи на брзата помош.
Фото: Нова Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.