| четврток, 6 декември 2018 |

Тестаментот на Шумахер – 750 милиони долари за децата и сопругата

MICHAEL SCHUMACHER ON A SKIING HOLIDAY WITH HIS WIFE CORRINA ON THE MADONNA DI CAMPIGLIO IN THE DOLOMITES, ITALY - 16 JAN 2003

Легендарниот Ф1 возач Михаел Шумахер, кој сѐ уште е во кома по несреќата, уште пред три години го напишал својот тестамент, во кој на сопругата Корина и децата им оставил 750 милиони долари.

Schumacher-two-childrenШуми го напишал својот тестамент по еден инцидент кој го имал со негов колега за време на трка. Во 2010 година, кога го направил тестаментот, тој имал точно 750 милиони долари.

– Јас сум семеен човек и редно е да ги осигурам најблиските. Не го правам ова само поради трките, туку и поради работите кои може да се случат секој ден во животот и на обичните луѓе, изјави тогаш во интервју Шумахер, кој, освен 750-те милиони, тогаш имал и 12 автомобили и 5 куќи.

Седум кратниот светски шампион во Формула 1 како да претчувствувал што го очекува. На 29-ти декември минатата година, Германецот преживеа несреќа додека возеше скии во француското одморалиште „Мерибел“. Поради тешката повреда на мозокот, тој беше воведен во состојба на вештачка кома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top