| четврток, 6 декември 2018 |

Паричката кај македонските пејачи

Неколку македонски пејачи се пофалија дека паричката од бадниковото лепче падна токму кај нив. Кој знае, може ова значи и добра година за македонската музика.

– Паричката кај мене – прв се пофали композиторот, продуцент и пејач Роберт Билбилов. Во изминатата година тој направи неколку песни, издаде и своја песна и видеоспот, но најзабележлив успех беа двете балади кои ги направи за Тамара Тодевска заедно со Игор Џамбазов.

Ако во 2013 добиваше само второ место по фестивалите, можеби паричката ќе ѝ донесе многу посреќна година на Тамара Тодевска. И пејачката веднаш ја сподели својата среќа на „Фејсбук“. Таа деновиве ужива во семејната атмосфера, а најмил гостин кај семејството Тодевски е малиот Вук Дапчевиќ, синот на Тијана.

Паричката која носи среќа и бериќет се најде и во парчето бадниково лепче на Сара Мејс. Младата пејачка остави голем впечаток на овогодинешниот „Скопски фестивал“ со нејзината композиција и изведба. 2014-та ја почнува со учество во шоуто „Танц со ѕвездите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top