| четврток, 6 декември 2018 |

Среќо, со жена ми сум – наместо на швалерката, пратил СМС во „Паркинг службата“

Од пет милиони пораки, колку годишно пристигнуваат на серверот на паркинг сервисот во Нови Сад, пет проценти се погрешни и не се однесуваат на плаќање паркинг, анализира „Блиц“.

Возачите на серверот за наплата му порачуваат: „Доаѓам за 5 минути“; „Чекај ме“; „Тргнав“ и „Добра ноќ, чао!“.

Меѓу илјадниците неправилно испратени пораки има и љубовни, а некои откриваат и брачно неверство. Еден испраќач, очигледно во незгодна ситуација, напишал: „Среќо, не можам да ти се јавам, со жена ми сум“.

Новосаѓаните го совладале плаќањето преку СМС, но возачите од другите места имаат проблем, па некои од нив се допишуваат со СМС центарот, особено кога ќе им стигне порака дека за 5 минути им завршува паркингот.

Реакциите се различни: „Одлично! Цмок“; „Фала, но си отидов пред еден саат“; „Не сум веќе на паркингот“; „Терај, си отидовме!“.

Има и такви кои на системот му порачуваат: „На забар сум, немој да ме казните“, а и такви кои се незадоволни: „Да ве е*** 120 минути, па ок, што ви смета да паркирам подолго“ или „Е** се, ми напиша казна за 2 минути“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top