Познатиот битолски музичар и фронтмен на панк-рок бендот „Паркети“ веќе 18 години не јаде месо. Својата одлука да се префрли на вегетаријанскиот начин на исхрана, Сашо Паркет ја донел и ја применува токму на денешниот датум во 1995 година.
Паркет вели дека знае дека месото му е потребно на човекот, но не е вистина дека не се може без него. Сашо тврди дека никогаш повеќе нема да касне месо, како што издржал 18 години, ќе издрже и понатаму.
Музичарот веќе неколку години е оженет и со сопругата имаат малечка ќерка Дарија Паркет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


