| четврток, 6 декември 2018 |

Загина Македонец на патот Суботица-Белград

46-годишниот С.М., македонски државјанин, вчера го загубил животот во автомобилска несреќа на патниот правец Суботица-Белград, јавува Танјуг.

Како што се наведува во соопштението на полициската управа на Нови Сад, македонскиот државјанин управувал возило марка „фолксваген” , при што удрил во заштитната ограда на патот, па во бетонскиот столб и на лице место го загубил животот. Двајцата негови сопатници поминале со помали повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top