| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел: Дел од парите би ги вложил во младите таленти

Утревечер, 7 јануари, ќе биде првата емисија на „Икс фактор“ каде настапите ќе бидат во живо. Нашите претставници, Даниел Кајмакоски и Фифи веќе се подготвени за утрешното претставување пред целиот Балкан.

Неколку дена пред полуфиналето, во интервју за српски „Мондо“, Даниел открива што би направил со својата парична награда, во случај тој да биде победникот во ова музичко шоу.

– Не сум размислувал премногу околу тоа, но навистина би сакал дел од парите да ги вложам во младите и да им помогнам како што мене своевремено никој не ми помогна. Животен сон и план ми е да им помогнам и да ги форсирам младите таленти. Се разбира, прво би си помогнал себеси, да се стабилизирам во животот, а потоа би отворил мала школа, курс, нешто каде што младите таленти би можеле да покажат што знаат и да научат нешто ново, а не да плаќаат куп пари за некои сакпи песни кои после никој не ги слуша – вели Даниел.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top