
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска се повикани на рапорт во Брисел, пишува Курир повикувајќи се на дипломатски извори.
Се очекува деновиве Заев и Шекеринска да остварат средби со фунционери од Советот на Европската унија и Европскиот парламент, на кои ќе се разговара најмногу на две теми.
Првата е наметнатиот проблем за името од страна на Грција, на која според добро информирани извори Брисел ќе побара СДСМ да продолжи да прави притисоци на најразличен вид за името, како што веќе ветувала Радмила Шекеринска уште во времето кога Бранко Црвенковски беше шеф на државата.
Исто така, се очекува социјалдемократите во Брисел да дадат рапорт и за Изборниот законик, односно ќе биде побарано СДСМ да не поставува нерационални барања за да си создава алиби, бидејќи според констатацијата на европјаните, тоа не поминува ниту во Брисел, ни меѓу граѓаните на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент


