| четврток, 6 декември 2018 |

Течен кокаин испратен по пошта во Србија, скриен во топчиња, покриен со сусам и овошје

tecen kokain

Српските царинци вчера запленија кокаин во течна состојба кој во Белград стигнал по пошта од Перу и бил скриен во 126 пластични топчиња покриени со сусам и камуфлирани во суво овошје, соопшти царинската управа.

Пакетот бил испратен на српски државјанин и според пропратната документација требало да содрѓи околу 5 килограми суво овошје.

– Со оглед на тоа дека пратката стигна од високоризична земја за трговија со наркотици, направена е детална контрола на пратката и утврдено е дека заедно со сувото овошје кое беше спакувано во фабричка амбалажа се наоѓале и топчиња, покриени со сусам без никакво мирис, наведоа од царината.

Топчињата имале неприроден облик, кој не е карактеристичен за било кое овошје, што ги навело да се посомневаат и кога отвориле едно пакување утврдиле дека се многу тврди.

Кога го изгребале сусамот се појавиле пластични контејнери, слични на топчиња за голф кои биле послни со течен кокаин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top