| четврток, 6 декември 2018 |

Чувства еднакви на оргазам

Само неколку доживувања кои што се речиси подеднакво добри како и оргазмот.

seks

Заразно смеење со кое не може да престанете

Смејте се секој ден и дружете се со позитивни и духовити луѓе, односно со сите оние во чие што присуство се чувствувате добро. Смејте се постојано затоа што смеата никогаш не е премногу!

zeni seksi

❷ Прегратка од страна на мало дете

Многумина ќе се согласат дека нема подобро чувство од она кога мало дете ќе ве прегрне, кога своите нозе и малите рачиња ќе ги припие околу вашето тело. Светот веднаш изгледа како поубаво место за живеење!

kids love

❸ Продолжување со спиењето

Сигурно ви е добро познат оној момент кога се разбудувате ненаспани и сфаќате дека не мора да станете, односно можете да продолжите со слаткото спиење. Па што е поубаво од топлиот и удобен кревет?!

❹ Гаснење на жедта

Сигурно некогаш сте биле толку жедни, што единственото што за вас постоело во тој момент било шише со вода, а во моментот кога до истото сте стигнале, чувството било неописливо. Гаснењето на жедта е сосема едноставна акција, но истата е огромно задоволство.

voda

❺ Топла бања по напорниот студен ден

Можеби една од најдобрите работи поврзани со престојот на студено е моментот кога ќе се вратите на топло. Така, топлата купка или туширањето со топла вода се најдобрите начини за повторно да се стоплите.

❻ Добивање неочекувана финансиска помош

Без оглед на тоа дали станува збор за вашиот роденден или за некој празник, неочекувано наследство или банкнота пронајдена на улица, паричната добивка сигурно ќе измами насмевка на вашето лице, особено доколку имате финансиски проблеми.

❼ Телото на партнерот припиено покрај вашето тело

Допирот на саканата личност, без оглед на тоа дали потоа следи секс или не, “преплетеноста” на телата во креветот… Едно од оние нешта поради кои што забораваме дека остатокот од светот воопшто постои.

vezbanje

❽ Вежбање

Секогаш кога ќе надминете некој рекорд во било што, сигурно се чувствувате како шампион. Затоа, секогаш поставувајте пред себе повисоки цели и со текот на времето ќе станете зависни од ендорфинот. Едно од тие чувства е и чувството по напорно поминатиот физички тренинг.

❾ Сознанието дека личноста која што ја сакате, ве сака!

Се изгледа полесно и подобро кога луѓето меѓусебно ги разменуваат магичните зборчиња “Те сакам”.

❿ Достигнување на нешто големо

Без оглед дали сте завршиле некој голем проект, сте дипломирале или пак сте склопиле некој долго посакуван договор, возбудувањето поради постигнувањето на целта е најдобрата награда која што можете да ја добиете за својата тешка работа.

Преземено од: vostip

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top