
Премиерот Никола Груевски денеска по барање на новинарите појасни дека македонскиот министер за надворешни работи подолг период комуницира со неговите колеги од Србија, Турција, Словенија, Црна Гора и најверојатно Хрватска, во врска со идејата односно можноста за споделување заеднички дипломатски објект-амбасада со некоја друга земја во рамки на заштедите во македонската дипломатија.
– Идејата не е заедничка дипломатија. Тука нема никаква политичка заднина има чиста финансиска заштеда и ништо повеќе од тоа, истакна Груевски.
Целта е, подвлече, да се заштеди на простор, да се користат заеднички простории, а не е да имаме заедничка дипломатија.
– Се разбира дека нашите дипломатски мисии ќе бидат засебни и нема да делуваат заеднички, но заради заштеда на финансиски средства за кирии, идеjата е некаде ние да отстапиме каде што имаме поголем простор за влез на дипломатски претставници на други држави, а некаде тие нам да ни отстапат, појасни премиерот Груевски, додавајќи дека на тој начин би моежеле да имаме и дипломатски претставништва и во оние држави каде што сега нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


