| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордно ниски температури во САД

Американските метеоролози предупредиле на историски ниски температури во следните неколку денови во американскиот Среден запад, државите на североистокот на Нова Англија, и на југот од САД. Таков студ во Вашингтон не се памети во последните 20 години, а во Милвоки не било толку ладно последните 18 години, а Мисури во последните 15, пренесува агенцијата AP.

Спoред прогнозите во Северна Дакота, во градот Фарго, живата ќе се спушти на минус 31 целзиусов степен, на минус 35 степени во Минесoта, додека во Индијанаполис и Чикаго, температурата ќе изнесува 26 степени под нулата.

Снежните наноси, силниот ветар и ниските температури, кои го погодија североистокот на САД, досега однесоа повеќе од 16 животи. Повеќе жртви настрадале во несреќите на лизгавите патишта, една жена смрзнала откако се движела далеку од својата куќа, додека еден работник бил затрупан од солта која се користи за да се фрли на патиштата.

Поради лошите услови, откажани биле 2.200 летови, воглавно во Њујорк, Филаделфија, Бостон, Чикаго и Вашингтон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top