| четврток, 6 декември 2018 |

Почина легендарниот фудбалер Еузебио

Легендата на португалскиот и светски фудбал Еузебио почина во Лисабон на 71-годишна возраст, соопшти агенцијата Lusa.

– Еузебио да Силва Фереира, кој и помогна на Португалија да го освои бронзениот медал на Мундијалот 1966, почина ноќеска, јави агенцијата. Реномираниот фудбалер беше познат и како „Црниот Бисер”, „Црниот Пантер” и „Кралот”. Во кариерата постигна 317 гола во 301 натпревари во дресот на Бенфика, а за Португалија зад себе има 41 погодоци во 64 средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top