Еден 25-годишен човек, кој скокнал со тригодишниот син од 9-ти спрат од зграда во Шенов во близина на Дижон, Франција, загинал на лице место, а детето починало во болница, јавува Франс прес.
Мажот скокнал од зградата по кавга со дваесет и тригодишната поранешна девојка, која исто така е повредена. Мајката била хоспитализирана со сериозни изгореници во болница во Дижон, и е во критична состојба, пренесува Франс прес.
Според пишувањето на „Фигаро“, таткото ја запалил бившата девојка со суптанца која сѐ уште не е идентификувана. Според Фигаро, таткото ова го направил по одлуката на судот детето да го додели на мајката. Сѐ уште се чека официјална информација од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


